„Мојот син исто го уби пијаница“: Најтажниот момент од денешниот протест за Фросина

Одговорност и правда денеска побараа граѓаните што во голем број се собраа на мирен протест на булеварот „Партизански одреди“, симболично на местото каде што завчера беше прегазена младата Фросина.

Толпата стигна и пред Кривичниот суд, откако претходно револтот го изрази пред зградите на Јавното обвинителство и Собранието.

Меѓу насобраните граѓани беше и една мајка која ја дели истата судбина со родителите на 22-годишната Фросина.

„За жал, институции не работат, судство не работи, родителите гледаат да си го заштитат тој што го сторил тоа.. Еве, јас сум една мајка завиена во црно. Осум полни години како одам на протести и барам правда за мојот син Кристијан“, раскажа оваа жена пред камерите на телевизија Сител.

„Исто го уби пијаница, со три промили алкохол во него. Убиецот цел живот пијаница, цел живот неработник, цел живот бездушник.. Го уби мојот син, осуден на осум години затвор и сега си е дома“, вели таа.

*Забрането копирање. Крадењето авторски содржини е казниво со закон

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа