Пратеникот Ријад Шаќири од коалицијата Вреди, од пратеничката говорница осврнувајќи се на критиките против претседателот на Собранието, Африм Гаши за молитвите во Собрание, рече дека тие ќе продолжат да се молат секаде што треба и каде што сакаат.
Шаќири исто така се осврна и на критиките за користењето на службени возила за Гаши да оди на свадба во Косово и да игра шота. Тој рече дека шота ќе се игра и во Приштина и во Тирана и во Скопје се додека има барем еден Албанец.
На ваквиот говор на Шаќири немаше никаква реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои до доаѓањето на власта беа редовни критичари на односот на СДСМ кон албанските партии, истакнувајќи дека тие премногу дозволувале.
На денешната седница на Собранието се гласаше за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши, која не беше излгасана бидејќи беше поддржана само од пратениците на Левица и СДСМ.