СОЛУН ГЛАВЕН ГРАД НА МАКЕДОНИЈА! ПРОТЕКОА АНГЛИСКИ АРХИВИ ОД 1904 ГОДИНА! МАКЕДОНИЈА ТРЕБАЛО ДА ГИ ОПФАТИ И СОЛУН И ЕПИР

ПРОЕКТ ЗА АВТОНОМНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА СО МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ОДДЕЛНА НАЦИОНАЛНОСТ – 1904 г.
Лондонскиот весник на француски јазик, „Автономија / L’Autonomie” пренесува допис на британските власти од jули 1904 година. Во него е претставен проект (нацрт), којшто предвидува автономна држава Македонија, покрај останатите нерешени прашања во рамките на Отоманскиот Султанат.
Македонците се наведени како посебна националност, и одделно од Бугарите, Србите, Власите, Грците и Албанците. Во најважните делови од нацртот, се вели:
„Државата Македонија ќе ги вклучува Битолскиот Вилает и поголемиот дел од Солунскиот Вилает, а тоа ќе му се даде на македонското население од 1.398.000, сите Македоно-Словени и Куцовласи.
…Потегот за негово проверување во Софија беше сосема погрешен; доколку султанот, наместо да испрати претставник во Бугарија, преговараше преку мене, тогаш ќе можев на задоволителен начин да се справам со Македонците и верувам дека, на тој начин, и Бугарите ќе можеше да бидат смирени…
Ќе бидат утврдени пет провинции, според нивната националност:
Македонија ќе вклучува дел од Битолскиот и дел од Солунскиот вилает (Македоно-Словени).
Албанија ќе ги вклучува Скадар и северниот дел од Jaнинскиот вилает (Албанци).
Тесалија – Епир – ќе ги вклучува, (јужниот дел) од Битолскиот и Јанискиот вилает (Грци).
Стара Србија – ќе ги вклучува Косово, санџакот Нови Пазар и дел од Битолскиот вилает (Срби).
Одрин, ќе ги вклучува Одринскиот и источниот дел од Солунскиот вилает (Бугари).”
ИЗВОР: „Писмо од сер Х. Д. Волф од Лондон, до маркизот од Ленсдаун, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија, од 15 jули 1904 година, за предлогот за формирање балканска федерациіа, со прилог”, PRO F.O 78/5355.
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот „Автономија“ е двонеделник и орган на Националниот комитет за автономија на Македонија и Албанија во Лондон, Англија. Издаван е со мото: „Македонија на Македонците и Албанија на Албанците“. Се печател од 10 мај до 15 јули 1902 година. Издавач е организаторот и раководител на Комитетот, Стефан Дамчев Македон (од Битолско), а уредник бил Е. Лазаревиќ (Чернуцки). Написите во петте броја на весникот се објавувани на француски и на англиски јазик.
——
Some Bulgarians and Greeks claim that the Macedonian nation was “created” or “invented” in 1945!
Here are historical accounts showing the Macedonians’ national consciousness and proving the Greek-Bulgarian claims to be a fantastic, chauvinistic lie.
/———–/———–/———-/
Сите реакции:

30

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа