ЛАВРОВ ЗАЛЕПИ ГРЧКИ НОВИНАР! СМЕ ЈА ПРИЗНАЛЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ТОА ИМЕ И ЗА НАС ОСТАНУВА ВО ТОА СВОЈСТВО, ВИЕ НЕ НАПРАВИВТЕ НИКАКВА ОТСТАПКА, МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ПРИНУДЕНА ДА ГОСМЕНИ ИМЕТО ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

Прашање: Деновиве се обновуваат преговорите за името на соседната земја на Грција, Поранешната Југословенска Република Македонија. Грците се навредуваат поради тоа што името «Македонија» е неправедно бидејќи поголемиот дел од територијата на старата македонска држава денес и припаѓа на Грција. Соседната земја со таквото име може да има територијални претензии. Пред извесно време руски претставници кажуваа дека можат да го ревидираат ставот за името на таа држава доколку се променат условите. Како го коментирате тоа?

 

Сергеј Лавров: Руски претставници кажуваа? Jа признавме Македонија како Република Македонија. И ја признаваме во тоа својство.

 

Прашање: А доколку се сменат условите? Дали ќе биде пронајден некој нов компромис?

 

Сергеј Лавров: Што се однесува до активизираните преговори и напори за решавање на проблемот со името «Македонија». Тие преговори мошне долго време беа во полузаспана состојба и се интензивираа дури тогаш кога САД решија дека Македонија мора да биде дел од НАТО. И, бидејќи Грција веќе е во НАТО вие како да немате потреба да правите отстапки, додека Македонија, пак, која сакаат да ја вовлечат во НАТО, како да има потреба од таквите отстапки. Тоа во суштина е тоа.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа