ЗНАМ И ВМРО ГИ ЗАПОЧНУВААТ РЕФОРМИТЕ И ГО ВРАЌААТ ЖИВОТОТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ! ПОЕВТИНУВААТ КАТАСТАРСКИТЕ УСЛУГИ ЗА 6 ПАТИ

Се очекува новиот тарифник да биде донесен за 10 дена, а граѓаните да заштедат меѓу 700.000 и 1 милион евра.

Катастарските услуги поевтинуваат за 4,5, 6 и повеќе пати за граѓаните, информираа денеска директорот на катастарот Иван Живковски и премиерот Христијан Мицкоски.

 

Ова намалување ќе важи 10 дена откако ќе биде донесен новиот изменет Тарифник.

 

– Доколку купите нов стан со гаражно место вие ќе треба да платите 4 пати по 1.250 денари, за имотен лист, за земјиштето под зградата, за заедничките простории и 1.250 денари за гаражното место. Ние предлагаме за една катастарска општина по правен основ вкупниот износ да изнесува во една единствена цена 1.250 денари. Овој тарифник ќе важи и за наследство и подарок. Доколку некое лице купи повеќе недвижнини, ова намалување ќе биде пониско со 6 отсто – рече Живковски.

Тој рече дека нема пресметка колку пари биле собрани од скапиот февруарски тарифник на Катастарот, но рече дека за една година по намалување на цените проекциите говорат дека граѓаните ќе заштедат меѓу 700.000 и 1 милион евра.

 

Живковски рече дека кога дошол во катастарот затекнал состојба на заглавени 5.500 предмети. Од нив, по доаѓањето на новото раководство се завршени 2.200. Директорот најави дека до крајот на месецов тие предмети ќе бидат завршени.

 

За премиерот Мицкоски покрај намалените цени на катастарските услуги кои се намалуваат и за повеќе од 6 пати важно е и тоа што се работи на реформи со кои целосно ќе се искорени корупцијата во оваа институција.

 

– Катастарот полека се ослободува од криминалот. Тоа го покажуваат заглавените предмети кои се решаваат, а кои директорот не кажува дека биле предмет на корупција. Многу интересни имиња се јавуваат овде, но да почекаме да обезбедиме докази за да ја информираме јавноста. Мораме корупцијата да ја искорениме и да ја исчистиме Македонија од криминалот од секаде во земјава – рече Мицкоски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа