Ново Село се наоѓа во подножјето на планината Огражден во Струмичкото Поле, на 21 км источно од Струмица.
Ново Село се споменува во турските тефтери од 1519 и 1570 год., под името Јени Ќој. Кон крајот на XIV век, агите и беговите им ја одземаат на христијаните плодната равница на новоселци и тие формираат населба источно од месноста Волчја Могила и се зафатиле со сточарство.
Во XIX век Ново Село броело 1.200 жители и било најимотно од селата во Струмичката каза. Во 1842 год., е изградена црквата „Св. Георги“, а во 1866 год., е основано училиште на македонски народен јазик. Во 1895 год., во Ново Село бил основан комитет на ВМОРО. Во селото претстојувал и Гоце Делчев. Според турските записи во Новоселска афера биле убиени пет Арнаути по што следело апсење на 30 души во Струмица. Во Втората балканса војна грчките војници запалиле над 160 куќи и плевни во Ново Село.. По првата светска војна Ново Село е припоено кон Бугариј, во административна област Струмица.
Со Нејскиот мировен договор Ново Село му припаѓа на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. За време на Втората светска војна од 1941 до 1944 год., селото е припоено кон Бугарија.
Во 1873 год., Ново Село е заведено како село со 90 домаќинства и 325 жители сите христијани Македонци. Според Попис на населението на Р. Македонија од 2002 год., Ново Село броело 2.743 жители: Македонци 2.726, Роми 3, Срби 11, Бошњаци 2. (с.с. Историски белешки)