(ФОТО) ПОВТОРНО СЕ РАСПЛАМТИ ПОЖАРОТ НАД БИТОЛА

t

Повторно се активира еден крак од пожарот на ридот над Битола, откако денеска на пладне беше беше ставен под контрола од страна на стотина пожарникари, доброволци и вработени во јавните претпријатија, со воздушна поддршка на пет ер трактори, три од Дирекцијата за заштита и спасување и два турски. Се прават обид да се изгасне и овој дел кој е на непристапен терен, но како што информираат од ЦУК, нема опасност по градот и околните населби. Екипите на противпожарната единица остануваат на критичните точки до целосна ликвидација на пожарот.

 

-Имаме на едно место опасност од проширување каде имаме стационирано луѓе од ТППЕ и јавните претпријатија. Тоа е непристапен терен , вели Горан Димковски од ТППЕ Битола од почеток до 14 сек.

 

Пожарот избувна вчера попладне и зафати над 100 хектари површина со сува трева, грмушки и мешана шума. Обиколницата од магистралниот пат Прилеп Битола Охрид од синоќа е затворена за сообраќај, кој се пренасочува низ градот. Состојбата беше драматична и во текот на ноќта, кога пламените јазиции ја голатаа шумата а сликата беше видлива и од Битола. Со копање пресеци на ридот, пожарникарите се бореа пожарот да не го зафати градот.

-Со возилата бевме на лице место на највисоката точка, таму го спречиве да не се прошири и да замине во недоглед за да не можеме да се справиме уште долго време, вели Димковски.

 

Овој рид е едно од белодробните крила на градот, кој беше пошумуван после големиот пожар пред повеќе од 15 години. Битола од вчера е во чад и воздух кој тешко се дише

 

-Од пожар кој цела ноќ гори на ридот над Битола, градот е целосно обвиен во чад и се чувствува силна миризба на изгорено

 

Вчера во пожарот беше повреден еден пожарникар кој со изгореници по телото е хоспитализиран во Битолската болница, но е надвор од животна опасност.

Се претпоставува дека огнот најпрво избувна од ѓубриште и потоа се прошири низ шумата.

Месното население од горниот дел на Баирската населба, постојано се ослободува од сметот на обиколницата каде се создаваат диви депонии, кои се опасност за предзвикување на пожари.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа