МАКЕДОНЦИ ОД САД БАРААТ СОЗДАВАЊЕ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – 1913 г.
Во 1913 г. група Македонци од Чикаго, испратиле отворено писмо до бугарските, српските, грчките и романските социјалисти, каде што бараат создавање независна држава Македонија. Писмото е отпечатено во весникот „Македонски глас”, во декември 1913. Тука, меѓу другото, се вели:
– „Вие што живеете таму, до самото место на жалоста и солзите, подобро од другите ja знаете положбата на работите во Македонија, до вас најпрвин допираат офкањата на истребуваниот народ. Но, зошто ние не го слушаме вашиот глас кренат во одбрана на Македонија и Македонците? Зошто вие не ги поддржувате стремежите за македонска автономија? Ако не сакате да го земете предвид македонското национално прашање, вие не може да jа негирате одделната македонска област што има право да бара автономно единство за себеси, т.е. за оние што ја населуваат оваа област: „Словените“ (Македонци), Грците, Турците, Романците, Евреите, Албанците и „Циганите“ (Роми), сврзани во една целина со вековната историја и со заедничките интереси…
Со цел да се воспостави на Балканот мир и да се зацврсти солидарноста меѓу населението, со цел да се обезбеди напредокот и културата, неопходно е да се востанови единството и да ѝ се даде автономија на Македонија што ќе биде обезбедена од големите сили и од балканските држави. Независна Македонија – ослободена од товарот на милитаризмот и обезбедена со можноста да се развива и да расцутува, ќе ги неутрализира своите соседи и ќе го помогне воспоставувањето добри односи меѓу нив.”
ИЗВОР: „Македонски глас”, бр. 8, 22 декември 1913, стр. 140 – 141.
—-
Материјали за животот и делото на големите македонски синови браќата Димитрија Димов Павле – Чуповски (1878–1940) и Атанас (Наце) Димов Чуповски (1876–1916)
————-
Сите реакции:
22Stiv Veselinovski Krokodilac, Dunek Makedonski и 20 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?