Апасиев до Мицкоски: Ние понудивме македонска, вие одбравте албанска платформа – Нека ви служи на чест!
Мило ми е што наместо во Ташмаруништа сега сте во Скопје, но повторно на погрешната страна, за косоваризација на Македонија и повторно нема да има парламент во светот во кој се претседава на македонски јазик, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев во реплика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Апасиев истакна дека конечно ќе се види анкетниот лист на Мицкоски, кој, како што вели Апасиев, можеби во меѓувреме сокрил дел од имотот.
Говорот на Апасиев во продолжение: