НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ НАРОД KOJ СЕ БОРИ ЗА СЛОБОДА – Владимир Каназирев, македонски поручник, 1903 г.
Владимир Каназирев е воено лице и деец на Врховниот македонски комитет, кој во времето на Илинденското востание одржува преписка со словенечкиот весник „Словенски народ“. Во писмата, тој, потпишувајќи се како „македонски поручник”, ја пренесува состојбата во којашто се наоѓале Македонците и бара поддршка од – „братскиот словенечки народ“. Во ова писмо читаме:
– „О, Вие не можете да замислите таква глетка. Вие, што живеете во слобода, што располагате со својот имот, со својата чест, со својот живот, со кое ние Македонците не располагаме…
Овој несреќен народ, оставен од сите, препуштен во својата голема несреќа бара помош. Се бориме за златна слобода со откриени гради, за неа ja жртвуваме својата среќа, своите блиски и сѐ што ни е мило и љубено.
Ние Македонците, како Словени, сметаме со сигурност дека нашите браќа нема да нѐ заборават во нашата тешка положба и ќе ни дојдат на помош. Идниот словенечки историчар што ќe jа пишува нашата тажна историја, со признание ќe забележи само со една утеха – полн приказ на нашето минато, пожртвуваната помош и сочувство на братскиот народ за нас, несреќните македонски Словени кои бијат нерамноправен бој на живот и смрт со крволочните Турци!
Се надеваме и сме уверени, дека словенечкиот народ нема да нѐ остави во нашата неискажлива несреќа.
Софија,
Владимир Каназирев, македонски поручник. “
ИЗВОР: „Slovenski Narod”, 1 декември 1903 г., бр. 278, бр. 2. ——-/
![]()
![]()
Сите реакции:
31Stiv Veselinovski Krokodilac, Borce Danilovski и 29 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?