ЕУ, САД, Бугарија и Грција се пењават за името Македонија, а истите се правеа глуви и слепи за пресудата од Хаг.

Хеленската Република, со противењето на прием на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО, ги прекршила обврските согласно членот 11 став 1 од Времената спогодба.
Меѓународниот суд на правдата утврди дека Грција ја прекршила Времената спогодба, со ветото за членство на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.
„Судот прво, со 14 гласови наспроти 2, утврдува дека има надлежност да постапува во случајот почнат од поранешната југословенска Република Македонија од 2008 година и дека ова барање до судот е допуштено.
Второ, со 15 гласови наспроти 1, се утврдува дека Хеленската Република, со противењето на прием на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО, ги прекршила обврските согласно членот 11 став 1 од Времената спогодба.
Трето, со 15 гласови наспроти 1, се одбиваат сите други поднесоци поднесени од поранешната југословенска Република Македонија“, рече судијата претседавач, Хисаши Овада.
Според образложението на пресудата коешто траеше околу еден час, судот одбил најголем дел од аргументите на тужената страна, односно на Грција меѓу кои и тоа дека прекршувањата на спогодбата биле одговор на претходно направени прекршувања на спогодбата од страна на Македонија како подносител на тужбата. Единственото прекршување на спогодбата, како што утврдил судот, од страна на Македонија направено во 2004 година како резултат на употреба на симболи на спротивната страна, судот на го утври како доволен аргумент да се блокира зачленувањето на земјава во меѓународни организации. Не беа утвдрени прекршувања ниту во делот на добрата волја да се изнајде решение по однос на спорот и не пронајде одговорност во ниту еднба од страните за тоа што до сега не дошле до решение на спорот, којшто е под наделжност на ОН.
Македонија ја поднесе тужбата против Грција на 17 ноември 2008, откако Грција истата година на самитот на НАТО којшто се одржа во април во Букурешт, ја блокираше поканата на земјава за членство во Алијансата.
Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
Сите реакции:

1

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа