Мозаикот се спојува…
Младинската група “Ножот” за која објавивме натпис од нивното судење пред три дена, академикот Блаже Ристовски, успеал уште поподробно да ни ја претстави.
Тој има разговарано со Стефан Нанов (член на групата “Ножот”), од кој ги добил од прва рака овие вредни информации. Младинската група иако се трудела да работи независно од ВМРО (обединета), членовите биле во претходни тесни врски со истакнати членови на ВМРО (обединета), па со тоа и нивните акции и дејствија биле насочени кон ист правец на борбата.
Овие младинци, решиле да печатат весник под името “Ножот”, но успеале да публикуваат само два хектографирани броја, како ракопис со печатни букви. Истите биле работени во куќата на Стефан Нанов, но на смаите нив пишувало дека се печатени во печатницата “Божидар Митрев” (именувана по синот на Митре Влаот – Божидар, кој бил убиен од страна на ВМРО (Автономистичка) на Ванчо Михајлов).
Групата “Ножот” била формирана уште во 1932 година. Нејзините членови биле главно од Пиринскиот дел на Македонија, но имало и од Вардарскиот и од Егејскиот дел како мигранти во Бугарија. На тој начин таа го претставувала всушност етничкото единство на Македонците од трите дела на земјата.
Раководството го сочинувале:
*Стефан Нанов (од битолско, секретар; бидејќи немало претседател)
*Стојан Шарланџиев (од серско, избеган во Горна Џумаја, а од 1931 префрлен во Софија)
*Драгомир Падешки (печатарски работник од с.Падеж, горноџумајско) и
*Донка Јанева (учителка, ќерка на загинат македонски војвода од костурско)
Меѓу членовите на групата “Ножот” биле и:
*браќата Иван, Димитар, Тодор и Борис Шарланџиеви (од серско)
*браќата Иван и Ѓорѓи Колчакови и нивната сестра (позната артистка) Магда Колчакова (од Банско)
*Кирил Карастојанов (од Велес)
*Димко Харизанов (од Прилеп)
*Кирил Коцев
*Анешти Узунов
*Нунка Јанева (од костурско, подоцна загинала како партизанка)
*Ратка Георгиева (исто така подоцна загината како партизанка) и други.
Извор: “Столетија на македонската свест”, Блаже Ристовски – Култура, Скопје 2001 год. (стр.580-581).
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?