ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ ПРОЕСКИ „Светол патот, татко мој“

 

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите „Светол патот, татко мој“.

 

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

 

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

 

„Светол патот, татко мој“.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески сè уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа