МАКСИМ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: ИЗЛАГАЈТЕ ЛУЃЕ ДРЖАВАТА Е ВО ПРАШАЊЕ

Кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска ги посети Лозово и Свети Николе.

 

Обраќајќи се пред граѓаните тој рече:

 

„Тие што најмногу градеа во државата сега се доведени на дното, од аспект плаќаа, а денеска не може да користат. Градеа, а гледаат како пред нивни очи се урива. Отвораа фабрики, пред нивни очи се затвора сето тоа“.

 

Тој потенцира дека последица на тоа е заминувањето на младите, кое е огромно. Според него потребно е нештата суштински да се менуваат, бидејќи ова што се случува води во амбис, по приватизацијата на државата од оние кои 30 години ја практикуваат власта.

 

Димитриевски рече дека Македонија е долго време заложник на поединци.

 

„Ниту еден претседател досега не се одважи, додаде тој, да и каже не на партијата која го номинирала. Не се одважи да врати закон, да каже не за она што е против интересите на граѓаните. Со мене ситуацијата е поинаква и мојата обврска е кон оние кои ми ја дадоа поддршката за мојата кандидатура. А ќе работам за интересите на сите граѓани и на Македонија“, рече Димитриевски.

 

Димитриевски се задржа и на состојбата во стопанството. Тој рече дека за да се полни буџетот треба да се искористат природните ресурси и потенцијали и да ја трансформирате Македонија во самоодржлива држава.

Како пример за тоа што се случува посочи дека Македонија има три фирми за експлоатација на песок, а ниту една нема дозвола за ископ, а во државава се градат станови, објекти, секаде.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа