Осомничените за убиството на девојката од Бор, Данка Илиќ, полицијата ги донела на депонија каде наводно го фрлиле нејзиното тело.
Криминалистичката полиција од Бор ги приведе работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
Како што јавува АТВ, С.Ј со службеното возило ја удрил двегодишната Данка и ја убил , а потоа нејзиното тело со колешката го ставил во багажникот на возилото, по што се упатиле до дива депонија на Старобањски пут.
На дивата депонија во моментов се лоцирани екипи на вештачење и багер .
Депонијата се наоѓа на сред пат од Бањско Поље до селото Брестовац од каде што се родителите на Ивана, јавува репортерот на Курир од местото на настанот.
Багерот повторно копа на истото место на дивата депонија, фокусот е токму на еден дел.
Пристигна камион од Јавното комунално претпријатие, а потоа и други возила од истото претпријатие.