Самоил не бил “бугарски” цар, а Самоиловата држава не била “бугарска”

Самоил не бил “бугарски” цар, а Самоиловата држава не била “бугарска”
Михаил Псел, Византиски хроничар кој пишувал 20-40 години по падот на царството на Самоил, бил роден во Константинопол истата година кога Василиј II ја освоил Самоиловата држава.
Михаил Псел во своето дело сосема прецизно ја акцентирал терминолошката дистинкција за периодот на егзистирањето на Самоиловата држава од административната што постоела во негово време, односно Михаил Псел за жителите и за настаните во Тема Бугарија ги употребувал термините Бугари/Бугарско, за жителите и настаните на Тема Македонија ги употребувал термините Македонци/Македонско, но за жителите и настаните на Самоиловата држава го употребувал терминот Скити.
Во првото поглавје од неговата Хронографија посветена на владеењето на Василиј II, напишана во почетокот на 1060-тите, Псел го употребил терминот “Скити” за да упати на големите победи на Василиј против Самоиловата држава. Тој го претставил Василиј II како ги истребува варварите и целосно ги потчинува, наполнувајќи ја императорската благајна од богатствата на “Иберијците и Арапите, како и на Келтите и сè што беше пронајдено во земјите на Скитите…..”
За Михаил Псел немало сомневање дека Василиј II војувал со “Скитите” од Самоиловата држава а не со Бугарите и тоа се потврдува и од Епитафот на Ирена, сопруга на цезарот Јован Дука, каде што Псел ги спомнува Бугарите одвоено од Скитите во војната на „Василиј Македонецот” со „водачот на Скитите Арон” (братот на Цар Самоил).
Во пишувањата на Михаил Псел “Скити” и “Бугари” се различни народи.
Како и Геометар така и Псел ништо не го спречувало Самоил и Арон да ги именува како Бугари, царството да го именува како Бугарско а народот како Бугарски, но очигледно ниту Самоил и Арон биле Бугари, ниту царството се викало “Бугарија” и ниту народот бил Бугарски.
Хроничарите Јован Геометар и Михаил Псел
со “Скити” и “Бугари” означуваат различни народи.
Ниту еден Византиски хроничар, кој бил современик на Самоил го нема именувано како “Бугарско” царството на Самоил.
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа