‘Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече МАКЕДОНСКА КРВ тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на МАКЕДОНСКАТА НАРОДНОСТ

Многумина и денес го оспоруваат македонскиот јазик и нација во смисла на нивно постоење пред 1944/45 година.
Нивните теории се дека населението во Македонија говорело бугарски јазик, се чувствувале за етнички Бугари и наспроти тоа историјата била дел од бугарската историја.
Но дали навистина било така?
Враќајки се во 19. век, да видиме какви записи оставале странски филолози, историчари, интелектуалци и признаени и познати експерти за словенски јазици.
Леонард Готхилф Мазинг германски, Gotthilf Leonhard Masing; (1845 — 1936) е многу познат универзитетски професор, теолог, славист, индоевропеист, дијалектолог, акцентолог и автор на трудови од областа на македонскиот јазик. Мазинг e Германец и бил дел од Балтичките Германци во царска Русија.
Бил вонреден професор по руски јазик и литература на Универзитетот во Дорпат, тогаш царска Русија која се до крајот на нејзиното постоење во 1917 година не прифаќала и не поддржувала создавање на автономна Македонија и силно ја поддржувала Бугарија во што е можно поголеми граници, како своја сателит држава, чија слобода и статус на кнежевство во 1878 година го извојувала токму Русија.
Денес градот Дорпат е во Естонија.
Подоцна станал и вонреден професор на катедрата за компаративна граматика на словенските дијалекти на Историско-филолошкиот факултет на јурирвскиот универзитет.
Одбранил три магистерски труда и два докторати.
Значи, ќе се согласиме дека не станува збор за било кој, туку за врвен интелектуалец и многу познат експерт и авторитет во областа на јазиците, народите и нациите, особено словенските.
Магистрирал теологија во 1869 на Универзитет Империал Јуриевски (во Дорпат) а две години подоцна во 1879 година магистрирал и на Универзитет Царски Јуриевски (Дорпат) на тема руски јазик и словенска лингвистика. Во 1886 година магистрирал по компаративна лингвистика.
Првиот докторски труд го одбранил во 1876 на универзитетот во Лајпциг, Германија, за акцентот на српскохрватскиот јазик.
Вториот докторски труд го одбранил во 1890 година и добил звање доктор по компаративна лингвистика. Веќе од 1880 година бил универзитетски професор.
Како славист со феноменален слух и знаење на над 50 јазици, тој во говорот на Македонците, што интензивно ги среќавал во Германија препознал одлики на создаден јазик, различен од другите словенски јазици и засебна народност и го проучувал македонскиот јазик како засебен од јазиците на соседните земји и народи.
Неговите дела за рефлексот на „тј“ и „дј“ од 1890 година и за македонскиот акцент од 1891 година дале поттик за натамошни македонистички истражувања.
Дел од неговите трудови се “Главните форми на српско-хрватскиот акцент. Во прилог на воведните коментари за теоријата на акценти, особено на грчки и санскрит”. Санкт Петербург, 1876 година; и
“За теоријата на звукот и акцентот на македонските дијалекти. Придонес кон критиката на истиот”. Санкт Петербург, 1891 година.
Токму во 1890 година, 54 години пред првото заседание на АСНОМ, 55 години пред да се кодификувани македонскиот јазик, три години пред основањето на МРО, кога веќе 12 години Бугарија е кнежевство, Србија и Грција се кнежевство исто така, а Македонија е се уште провинција под османлиска власт, кога веќе има три магистратури, два докторати и веќе 10 години е универзитестки професор, Мазинг како врвен истражувач и научник во областа кој во тоа време е во директна комуникација со многумина Македонци во Германија, познавач на македонската историја и политичко-општествена состојба во Македонија тогаш, во еден мултиетнички и мултиконфесионален дух, со еден наратив актуелен и денес, го запишал следното :
„Нашата татковина МАКЕДОНИЈА била некогаш една од најславните земји. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ги турил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род…
Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. ЈУНАЦИ МАКЕДОНСКИ! Зар ќе оставите додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледајте ја разранета од отровните стрели на соседните народи коишто сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таква очајна положба нашата драга мајка МАКЕДОНИЈА гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика:
‘Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече МАКЕДОНСКА КРВ тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на МАКЕДОНСКАТА НАРОДНОСТ.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа