Гарант редовно позајмува од сестра му која е вработена во МНАВ пред 15 години, кога беше министер за здравство, а чии плати се 2-3.000 евра.
Туку, ние, како гласачи, баш мислевме политичарите ќе зборуваат за нас како преживуваме и како врзуваме крај со крај, ама пошто Бујар се наметна како тема колку бил за греота – еве ќе зборуваме за неговите ,,маки”.
Нека биде фокус тој, ние како раја чиј пат кон ЕУ го пеплоса – сме небитни.
Ние може да почекаме, нема смисла Бујар со 2.000 евра плата, шофер, секретарка, комфор, сестра во МНАВ, скапи одела, чевли, да го оставиме сам да се носи со неговите ,,јадови” викани – не можеме да го одлепиме десет години од функционерски фотелји.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?