Во седумдесеттите години на минатиот век тогашните грчки администрации два пати се обврзале, прв пат во 1977 година и втор пат во 1982 година, на конференции на ООН да го почитуваат името Македонија. Еве што стои запишано во грчкиот весник „Катимерини“: На Третата конференција на ООН за типизација на географските имиња, која се одржа во Атина во 1977 година, Грција ја прифати Резолуцијата на Конференцијата, без никакви резерви. Во 1982 година на Четвртата конференција на Обединетите нации, што по истиот предмет беше одржана во Женева, грчката страна го предложи следниот став: Сe` ова значи дека пред триесеттина години официјална Атина ни ги признала правата за употреба на името Македонија и придавката македонски, вклучувајќи го и јазикот. Едноставно и јасно во 1982 година, во Женева, Грција го признала името Македонија. Од своја страна, Грција понудила географски карти за својата територија на кои немало ниту еден регион, ниту една област од денешната грчка држава, која го носи името Македонија. Резолуцијата од 1982 година е запишана во Организацијата на Обединетите нации под бројот E/CONF.74/L.107 како дел од заклучоците на Конференцијата за типизација на географските имиња. Грчката резолуција, пак, која го опфаќа и горенаведениот напис во „Катимерини“ е заведена под број E/CONF.74/L.110 и како нејзин автор се спомнува контроверзниот Евангелос Кофос. 1982 Е/CONF 74/L.110 е бројот под која е заведена Резолуцијата во ОН со која Грција се согласува со користењето на македонската азбука и македонските географски имиња. |
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?