ПРЕДАВСТВОТО И СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏОВ (1872-1905)
Александар Турунџов е роден на 18 мај 1872 година во с.Екшису, а обесен на Ат-Пазар во Битола, на 19 август 1905 година (или 29 август истата година, според некои извори се наведени и двата датума).
Кон крајот на 1904 год. во селото Ајтос беше предаден војводата Александар Турунџов и жив фатен. Тој спиеше сам во една соба кај еден свој “верен” пријател, предавникот Митре Гинков. Подлиот “пријател” и соопштил на турската власт дека Алексо спие во длабок сон и поведе една група турски војници. Тој ја отворил внимателно вратата и десетина војници се нафрлиле над Алексо и му ги врзале рацете.
Кокончето, жив сведок, комита од четата на Алексо и негов помошник, го објаснува следното:
“Војводата рече дека тој оди при својот сакан пријател и дека ние четниците не треба да се обеспокојуваме за него. Во случај на изненадување, ние би го употребиле своето оружје само ако го чуеме грмежот на неговата пушка. Такво нешто немаше. Војниците го фатија војводата. Кој го предал, кому се доверил тој, кој го скроил тој оригинален план за неговото фаќање, за мене е нејасно. Очигледно, фаќањето негово е организирано дело. Мене ми соопштија дека војводата бил пијан до таков степен што не бил во состојба да употреби оружје и го фатиле”.
Турците го фатија и го однесоа врзан во Битола, каде го фрлија во затвор и по близу една година лежење во него, го осудија на смрт со бесење и го обесија во Битола, на Ат-Пазар, на 19 или 29 август 1905 година. За време на судењето, Алексо предизвикувачки се држел спрема власта и со навредливи изрази на адреса на султанот се обраќал пред судот.
СУДЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏОВ
– Кажи Алексо зошто не се предаде за време кога султанот даде амнестија?
– Зашто сакам да го убијам султанот и да ги заменам фесовите на Турците за шапки – одговорил Алексо.
– Ами само тоа ли ти е желбата? – праша повторно претседателот на судот.
– Да, само тоа – одговорил Алексо.
– Сериозно ли зборувате и ги поддржувате ли тие свои желби, Алексо? – праша уште еднаш претседателот на судот.
– Да, ги поддржувам и ќе ја исполнам својата желба, само ако имам можност да излезам на слобода и ако ми се укаже случај да се доближам до султанот – одоговорил повторно Алексо.
СМРТТА
За ваквото провокативно и патриотско однесување пред турската власт Турунџев бил осуден на смрт со јавно бесење на Ат-пазар на 29 август (19 август стар стил) 1905 година. Другите револуционери кои не ја прифатиле амнестијата биле осудени на доживотен затвор, но тој на смртна казна.
Поворката тргнала од Саат-кулата крај Безистенот, реката Драгор, па се до Ат-пазар. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде егзекутиран. Kон поворката се приклучиле над 3.000 битолчани, повеќето расплакани. Kако што минувала поворката, така христијаните ги затворале дуќаните и тргнувале по војводата.
„Толпата запре на Ат-пазар. На мегдан подигната бесилка! Kордон од заптии.
Засвири труба, настапи гробна тишина. Малку понастрана некаков дервиш почна да ја чита пресудата.
До него збунет поп прашува: твоите последни зборува, Турунџа?
Тој се поткачи на некаков кош, го фати јажето, ги подигна гордо очите кон небото и извика:
„МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СЛОБОДНА!“
СЛАВА ТИ МАКЕДОНЕЦУ!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?