Весникот „Македонска правда“ бил неделен орган на македонската емиграција во Бугарија, a првиот број излегол во 3 септември 1933 година. Во воведниот пасус од првиот број, весникот изјавил дека ќе се застапува за развитокот на македонската мисла, дека македонскиот народ треба да е подготвен да се организира во како рамноправен дел од идна балканска федерација, во којашто би се признало постоењето и посебноста на Македонија.
„’Македонска правда’ се јавува на општествената сцена во еден момент, кога македонската свест беше почнала да темнее, македонското чувство да се колеба, а верата да слабее. И тоа — поради беспаќето во коешто беше турнато македонското дело, поради кризата во македонското движенье и поради безмилосната и бесмислена борба не на идеи, а на парабели…
Новите борци за социјална и народносна правда се изјаснија за федерацијата на
рамноправни народносни единици, признавајќи ѝ го правото на постоење и на Македонија…
Ние сакаме полно и слободен развиток на македонската мисла — далеку од секакво туѓо влијание, ние сакаме да докажеме, дека македонската мисла не е обвиткана, ниту замрзната, туку е жива и способна на еволуција и обнова…
Македонскиот народ треба да е готов при секоја нова опстановка, при секоја нова промена во Грција, во Југославија или во Бугарија, да си го каже својот збор, да ја пројави својата волја и да учествува со своето активно присуство“.
ИЗВОР: „Македонска правда”, 3 септември 1933 г., бр.1, стр.1.