КОЛКУ ПАРИ ИМА НА СМЕТКАТА ВЛАДИМИР ПУТИН? Централната изборна комисија објави ШОК ПОДАТОЦИ од имотната карта на претседателот на Русија

КОЛКУ ПАРИ ИМА НА СМЕТКАТА ВЛАДИМИР ПУТИН?  Централната изборна комисија објави ШОК ПОДАТОЦИ од имотната карта на претседателот на Русија

 

Централната изборна комисија на Руската Федерација објави информации за имотот на претседателскиот кандидат и актуелен шеф на државата, Владимир Путин .

 

Вкупниот приход на Путин за шест години изнесува нешто повеќе од 67 милиони рубљи или помалку од 700.000 евра. Според податоците на ЦИК, Путин поседува стан од 77 квадратни метри и гаража од 18 метри квадратни во родниот Санкт Петербург, како и три автомобили – ГАЗ М21 произведен во 1960 година и ГАЗ М21 произведен во 1965 година, додека третиот „ Лада Нива“ е произведена во 2009 година. Тие поседуваат и приколка „Skiff“ произведена во 1987 година.

 

Путин има и 10 банкарски сметки со нешто повеќе од 54 милиони рубљи или речиси 560.000 евра и 230 акции на PJSC Bank од Санкт Петербург, кои вкупно вредат околу 25 евра.

 

Претседателот на Русија има и стан во Москва од 154 метри квадратни и паркинг од 18 метри квадратни во Санкт Петербург кој го користи на неодредено време.

 

Централната изборна комисија на Русија во понеделникот објави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, официјално е регистриран како еден од кандидатите на следните претседателски избори, кои ќе се одржат на 17 март годинава.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа