ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи седница на Извршниот комитет на која се очекува да ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство кои ќе бидат дел од техничката влада.
Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да започне околу 20:30 часот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше овластен од Централниот комитет на партијата во консултација со Извршниот комитет и други истакнати членови на партијата, но и со пошироки општествени чинители, да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.