Началникот на Украинската Воена разузнавачка служба (ХУР) Кирил Буданов тврди дека Северна Кореја во моментов е најголемиот снабдувач на оружје на Русија.
Тој за Financial Times изјави дека Пјонгјанг префрлил „значителна сума“; артилериска муниција за Русија.
– Дозволи Русија да здивне. Без (севернокорејска) помош, ситуацијата би била катастрофална – тврди Буданов.
Киев Индипендент тврди дека Русија се обидувала да го држи чекорот со производството на муниција со темпото што и е потребно за да се бори на фронтот, и како резултат на тоа „биле принудени да бараат воена помош од земји како Северна Кореја“.
– Тоа секогаш се сметаше под нивното ниво, штета – додаде Буданов.
Претставник на украинската воена разузнавачка служба претходно изјави дека на 15 јануари, Северна Кореја и доставила на Русија околу еден милион парчиња муниција, главно 122 mm и калибар 152 mm.
Киев и Вашингтон тврдат дека Русија користела и севернокорејски балистички ракети против