Дете во попладневните часови се удави во базен на хотел во сараевската општина Илиџа. Ова за порталот Klix.ba го потврди портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
– Во 15 часот и 30 минути во Полициската управа Илиџа било известено дека во базен на хотел на подрачјето на општина Илиџа починало дете. Докторот на Заводот за итна медицинска помош констатирал смрт во 16 часот и 40 минути – изјави Новалиќ.
Истрагата е во тек, ја води обвинителот на Кантоналното обвинителство, а ја спроведуваат припадници на МУП на кантонот Сараево. Засега не се знае за кој хотел се работи. За околностите на давењето на малолетникот ќе се знае повеќе по завршување на истрагата.