МАЛКУ МУ БЕШЕ ГОЛЕМИОТ ПОРАЗ ШО ГО ДОБИ ОД МИЦКОВСКИ И МАКСО НА ЛОКАЛНИ, ЗАЕВ СЕ ВРАЌА АКТИВНО ВО СДСМ ДА ПОМОГНЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и со поранешниот премиер Зоран Заев. Рече дека со Заев се пријатели 32 години и дека учеле факултет заедно, па имале средби и комуницирале.

 

Тој рече дека на средбата разговарале за настапите на политичките партии на изборите и за патот кон ЕУ.

„Имавме средба со господинот Ахмети и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев. Јас и поранешниот претседател Заев се знаеме 32 години, сме учеле факултет заедно, така да неретко се случува да комуницираме, да имаме ручек кој што трае четири, четири и пол часа на кои разговараме на многу теми. Вчера разговаравме за тоа како државата треба да напредува кон полноправно членство во ЕУ. Секој од нас можеше да ги сподели искуствата од мандатите кој што ги имал. Разговаравме како би требало да изгледаат настапите на политичките партии на изборите, секој низ призмата на искуството што го имал“, рече Ковачевски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа