ДАЛИ „ВИЗАНТИСКОТО“ ЦАРСТВО БИЛО МАКЕДОНСКО?

Ромејското,ткн. Византиско Царство, настанало по пропаѓањето на Римското околу 395 г. н.е која се смета како официјална година на пропаста на царството и крај на историјата на стариот робовладетелски век. Како родоначалник се смета царот Константин I (306 – 337 г), кој го основал градот на Босфорот и го нарекол Новиот Рим (Препород). По неговата смрт е наречен Константинопол, а за Македонците отсекогаш бил Цариград. Хроничарите за себе велеле дека се Ромеи (Romani,Ρωμανοι), а царството Imperium Romanorum, бидејќи се сметале за наследници на стариот Рим. Византија е именувано во 16 в., 100 г. по пропаста од германскиот историчар Хероним Волф, со цел да се прикаже дека Ромеите не се достојни да го носат името Римјани (Латини) и не можат да бидат наследници на тоа царство. Во историската наука се смета дека Виз. „за 1000 г. го надживеало Рим“. Имаме дури и ткн. византиска наука и „византолози.“ Но од изворите може веднаш да се согледа дека империјата не била една компактна целина, туку хетерогена творба, каде што секој етникум настојувал да се избори за своите духовни и световни слободи и создаде своја држава. Со текот на времето на европскиот дел (Балкан) се создале неколу држави – царства, Македонското Самуилово Царство, ткн. Прво Бугарско (Северитско) Царство, по 1204 Крстоносците осздале Никејско, Солунско, Латинско, Српско – Душаново, па македонските кралства на крал Волкашин и деспот Углеша итн. Константинопол, 100 г. пред падот под Османлиите, бил само град – држава со околината.
МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА
Македонската династија цареви започнува со Василиј I (867—886), роден во едно село во близина на Адријанопол, главен град на Тракија (Одрин). Тогаш областа Тракија била наречена тема Македонија, според праксата на Ромеите да ги менуваат имињата на темите, па Тракија ја нарекле тема Македонија, Македонија – Бугарија итн. Според Зонара (Историја), тој потекнувал од незнатни (прости) и сиромашни родители. Скилица (Кратка историја) вели дека се родил во „земјата на Македонците.“ Како младич, Василиј I бил најсилен човек во царството.Позната е една случка опишана од Скилица кога се борел со некој Скитски див, тој го дигнал и го треснал од земја. Затоа бил миленик на царевите посебно на Михаил III (840-867), но покасно бил убиен токму од Василиј I. Имено Михаил III (тој ги испратил Св. Константин (Кирил) и Методи во Моравската мисија) со царицата Евдокија Декаполита немал деца, но имал со љубовницата Евдокија Ингерина, идниот цар Лав VI Мудри (866-886-912). За да го осигура царувањето на својот незаконит син, Михаил III го оженил Василиј со Ев.Ингерина и го направил свој совладар. Но кога сакал да назначи уште еден совладар (веројатно малолетниот Лав) Василиј го убил на спиење и како негов совладар станал цар. По него владеел Лав VI, 1-на год. Христифор, (вистински син на Василиј I) Константин VII (905 – 959) син на Лав, (само формално), бидејќи во негово име до 944 владеел неговиот дедо по жена, Роман I Лакапин. Василиј II е син на Роман II кој пак е син на Константин VII, Константин VIII брат на Василиј II, а неговата ќерка е последна која владеела од оваа династија. Од оваа кратка генеалогија на „македонската династија“, може да се согледа дека освен тематското име, овие цареви немаат ништо заедничко со историска и етничка Макдонија. Ако му веруваме на Зонара, Василиј I немал никакво динстичко педигре. Оваа придавка Македонец се однесува само на него, бидејќи после него така не е именуван ниеден цар. Така, Македонија од антиката до денес ја носи славата на бројни цареви, пред се` Филип и Александар Македонски, на Василиј I му е стокмена богата царска биографија и му е додадено славното име Македонец (статус), но не е наречен Македонски, која придавка означува етничка припадност. Имаме примери кога некој според некој карактерни особини е наречен по некој друг род. Пример, Ристо бугарчето, Диме шиптар, српчето, итн.
ИСТОРИСКИ ФАКТИ
Во тој историски период, етникумот не бил изразен како денес.Населението се делело по верска линија – Христијани, Исмаилити, Павлиќани, Аријани итн. Царот бил световен владетел и се сметал од „ Господ помазан, прв и врховен господар на сите народи во светот,“ а Црквата како духовен владетел и посредник помеѓу Бога и народот, по „божја милост“ го назначувала да владее со земјата. Аристократијата била собрана околу владетелот кој имал „благодет направо од Господа“ и не ретко била со него во роднински врски. Во таа аристократија сигурно дека имало и етнички Македонци, но тие како и сите се изјаснувале како Ромеи, пред се штитејќи ги своите лични интереси. Нивен интерес бил опстанокот на царството, а неостварен сон повторно обновување на Римското Царство. Значи обединувачки фактор како и на секое царство и мултинационална држава, се пред се личните интереси т.е. желбата за власт.
1.Василиј II на својот надгробен споменик (епитаф) наредил да се напише : „Од времето кога царот небески ме прозвал за велики цар на земјата, целиот свој живот ги штитев децата на Новиот Рим.“ Значи на својот епитаф, Василиј II не наредил да се напише „ги штитев децата на Македонија, туку на Новиот Рим“ бидејќи се сметале за наследници на Римското царство, кое ја оробило Македонија во 2 в.п.н.е. Ако се сметал како Македонец, ќе ставел некој показател дека е од македонски род. Значајно за нас е што тој во епитафот не се декларирал ниту како бугароубиец, туку како: Јас, Василиј Порфирогенит.
2. Од биографијата на царевите од македонската династија, освен што војувале против Македонците, посебно Василиј II, кој Преспанско – Охридската Патриаршија ја симнал во понизок ранг, нема нешто позитивно што сториле за Македонија.
3. Галголицата како изворно македонско писмо ќе била званично писмо во царството.
4. На сите ковани монети од тоа „македонско царство“, имињата на царевите се напишани со латинското писмо.Со ова се потврдува дека званичното писмо било латиницата, а после како второ службено, воведено е и писмото на коине јазикот (денес наречено старогрчко).
5. Етничката припадност по автоматизам не значи дека и царството (народот) е според припадноста на владетелот. Обратни примери во историјата има многу.Најблиските примери се оние кои најмногу не негираат –Грција и Бугарија. Бугарите дури се дрзнуваат да кажат дека сме бугари затоа што третиот средновековен македонски цар Владислав запишал дека е „б’лгарин родом“ (Битолски натпис-бугарски фалсификат).
6. Меѓу најзначајните и опипливи показатели е и прашањето на црквата. Ако Византија била Македонско Царство, денес Цариградската патриаршија ќе се викаше Македонска црква, а не Грчка, што исто така е измислица на Бечко-нордиската школа. Следствено, ќе бевме признаени со нашето црковно-уставно име, а напротив, бараат да исфрлиме се` што е именувано со Македонка/и/о.
Дури и Михаил III (Амориска династија) иако намерата му била подруга, можеме да го сметаме за македонски добротвор, бидејќи по негова заслуга односно поддршка создадена е глаголицата. Од сето изнесено, можеме јасно да заклучиме дека Македонците биле дел од царството и тоа најброен, за разлика од другите, посебно Елините, кој биле собрани околу Атика и затоа нема ниеден доказ дека и најмалку се побуниле, а не да создале своја средновековна држава. Српскиот алтернативен историчар Јован Деретиќ вели дека источното србско-римско царство продолжило да постои после пропаста на западното уште 1000 г. Се до 9 в.на престолот на ИРЦ немало владетели Елини туку Срби. „Да нема забуна, едина разлика помеѓу Србите во Источна Ромеја и оние етнички во Србији, била таа што првите се викале Ромеи заради христијанската вера“ вели Деретиќ. Целта ми е да предочам дека тоа Ромејско-Виз. царство сите го присвојуваат како нивно, но никој, освен ние Македонците, не си ги негира своите средновековни цареви и династии, кои се дигнале против ромејскиот јарем.
Бугарите исто така тврдат дека Виз.царство е всушност Бугарско, да не зборам за Грците. Ерменците, Сиријците, Египјаните (христијани) веројатно истото го тврдат.И сите се по малце во право, но апсолутна невистина е дека Виз. царство било етничко македонско или српско или бугарско. Во одреден период сите имале свои посебни и независни држави, Македонското Самуилово Царство било пред сите нив.
Можно е да е слика од текст
Сите реакции:

Borce Danilovski, Branko Ristov и 90 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа