(ВИДЕО) Критично! Во Русија избија големи немири, Москва не го очекуваше ова! Ситуацијата излегува од контрола, итно реагира полицијата
Споделете ја веста
Активистот за човекови права Фаил Алсинов во руската република Башкортостан беше осуден на четири години затворска колонија, откако судот го прогласи за виновен за поттикнување етничка омраза. Поради ова дошло до судири меѓу неговите приврзаници и полицијата, пишува Ројтерс.
Независните новински куќи на руски јазик објавија дека полицијата употребила солзавец откако избила тепачка со поголема група луѓе кои се собрале за поддршка на активистот Фаил Алсинов. Засега не се знае колку лица се приведени.
Поддржувачите тврдат дека ова е одмазда
Алсинов е обвинет за навреда на работниците мигранти во говорот што го одржа минатиот април на протестот против плановите за ископување злато во Башкортостан, лоциран во јужниот дел на Русија, во близина на границата меѓу Европа и Азија.
Неговите приврзаници тврдат дека случајот против него е одложена одмазда за неговата улога во протестите пред неколку години во кои активисти успешно ги блокираа плановите за ископување на рид кој локалното население го смета за свет.
– Голема благодарност до сите што дојдоа да ме поддржат. Ова никогаш нема да го заборавам. Не ја признавам мојата вина. Отсекогаш сум се борел за правда, за мојот народ, за мојата република – рече Алсинов на новинар на онлајн медиум.
Башкортостан, претежно муслиманска република со население од 4,1 милиони, е еден од повеќе од 80 ентитети што ја сочинуваат Руската Федерација. Алсинов беше водач на Башкорт, локално движење за зачувување на културата, јазикот и етничкиот идентитет на луѓето во регионот, кое беше забрането како екстремистичка организација во 2020 година.