АРАПСКИ ИЗВОРИ: ЦАР САМОИЛ Е МАКЕДОНЕЦ

ИСТОЧНИ-АРАПСКИ ИЗВОРИ ЗА ПОТЕКЛОТО НА ЦАР САМУИЛ
Несомнено е дека цар Самуил е` Македонец, од родот на Берзитите, кои живееле околу Преспанското и Охридското езеро, а во препанскиот крај се пронајдени најважните археолошки наоди за МСЦ. Тоа е плочата со Самуиловиот натпис пронајдена во с.Герман, датирана со 992/3 г. и наодите од велелепната црква Св. Ахил, каде биле крунисувани македонските цареви, а се претпоставува дека тука бил погребан и цар Самуил.
Но во однос на различните тези за неговото потекло (бугарска, ерменска, влашка, еврејска), во овој случај ерменската, која ја застапуваат одредени историчари, потребно е да се вратиме на настаните и личностите пред да почне борбата за ослободување на Македонија од ромејскиот јарем, а која почнала во 969 година.
Кога сопругата на бугарскиот крал Петар (в.927-969), која се викала Марија-Ирена и била внука од син на цар Роман I Лакапин (в.920-944) и прадедо по баба на Василиј II, починала (о.963/5), нивните два сина – Борис II и Роман биле испратени во Цариград како заложници за зачувување на мирот. Тука Роман бил скопен од паракимоменот Јосиф (ова е сторено за да се осигура дека Роман не може да има потомство и да биде крал-цар). После кратко време починал и татко им Петар и тогаш синовите на еден „многу силен комес“, наиме, Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, наречени кометопули (млади кнезови) го узбуниле народот.
Борис и Роман веднаш биле ослободени и пратени (прв пат) да ги спречат кометопулите во нивното натамошно напоредување. Но Борис и Роман се` упатиле на север, накај Плиска и Дрстар, а не кон Тралица (Софија), Преспа и Охрид. Тука биле во некој вид изнудено сојузништво со рускиот кнез Светислав, при што цар Јован I Цимискиј (969-976) протерувајќи го Светислав ги заробил и на Борис пред сиот народ во Цариград му ги симнал владетелските инсигнии (достоинства), а неговата круна ја подарил на црквата Св. Софија (971). При крунисувањето на Василиј II за цар во 976 г., кој тогаш станал полнолетен, Борис и Роман „побегнале“ и некадс помеѓу Софија-Трајанова порта, Борис бил убиен од некој „глувонем“ македонски војник, кој, бидејќи носел „ромејска облека“ не можел да го „препознае„ дека е он Борис, а Роман бил заробен. Овие вести ги добиваме од компилацијата „Кратка иторија“ на Скилица-епископ Михаил Деволски, пишувана крај на XI, компилирана поч. XII в. Да појаснаим дека деволската епархија припаѓала на Преспанско-Охридската Патријаршија, па оттука епископот Деволски речиси од прва рака ги знаел случувањата во МСЦ и врските на македонското царско семејство.
1.Јахја, син на Саид, е египетскиот хроничар. Својот Летопис го нашишал поч. на XI в. (1014/15), кога се преселил во Антиохија. Опишувајќи го судирот помеѓу ромејските феудалци Варда Склир и Варда Фока на тлото на Мала Азија, кој претендирале на заслабнатиот ромејски престол, тој не известува за „двајцата синови на Самуил, царот на Бугарите“, кои Јован Цимискиј ги зел и ги држел како заробеници на дворот. Употребувајќи итрина, тие побегнале од местото на заточение на коњи, кои претходно наредиле да ги подготват и чуват за нив. На превојот „што води кон Бугарија“ застанале и плашејќи се (?) да не ги фатат, тргнале пешки. Постариот одел напред и толпата која ја чувала планината од разбојници го забележала и еден од нив стрелал не „препознавајќи“ го и го убил. Неговиот помал брат полека пришол и им соопштил кој е он. И го одвеле и го направиле свој цар. Тој имал роб познат под името Комитопул, кој бил заедно со него и бугарите се собрале и се бореле со грците. И царот (ромејски) со голема војска тргнал против нив на градот Абариеј (Софија) и го опсадил. И низ неговата војска се раширил глас дека преминот бил отсечен. И царот и неговата војска се дале во бегство и „бугарите“ го следеле и им ја заплениле царската ризница и многу царски војници изгинале. Тоа се случило во вторник 177 Аба (Август) 1297 г. (986) по селевкидскиот (македонски) каледндар, т.е. 7 Рабиа 376 година по арапскиот.
2.Реобновувајќи ја тезата за ерменското потекло на родот на кнез Никола, современиот ерменски историчар Николас Адонц (Nicholas Adontz 1871-1942, Samuel l’Armenien, 1938), го прифаќа мислењето на ромејскиот хроничар Асол(х)ик (Acogh’ig), кој потекнувал од темата Армењак. Тој е единствениот извор кој говори за ерменското потекло на цар Самуил. Вели дека „Samayel“ и неговиот анонимен брат, кого тој само го нарекува „Komsadzak““ (комитопул). Тие биле родум од пределот Дерџан во Ерменија и биле во служба на Византија, од каде по нардба на цар Василиј II со своите полкови дошле во Македонија, да се борат против Бугарите. Но тие минале на страната на евнухот–кралот на Бугарите, кој наскоро бил заробен од Василиј и умрел во затвор во Цариград. Тогаш робот негов Самуил го презел неговиот престол. Покрај тоа за ерменски потекло на Самуил сведочело и еремнското името на неговата мајка Рипсимија, име на христијанска маченица од III в., прогонувана од цар Диоклецијан.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа