НЕВИДЕН СВЕТСКИ СКАНДАЛ! АМБАСАДОРИ НА НАТО ЧЛЕНКИ ПОСТОЈАНО SВОНАТ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЗА ДА ГО ПРАШААТ ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ЛЕТА НАД МАКЕДОНИЈА! ЦЕЛ РЕГИОН ПИШУВА ЗА УПАДОТ ВО НАВИГАЦИЈАТА
Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на ССКЛ на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.
„Инцидент на аеродромот во Скопје: Напаѓачи вербално и физички ги нападнале контролорите за летање, реагираше и НАТО“ ; „Драма во Скопје: Напаѓачи упаднаа во контролната кула и тепаа контролори на лет, итно реагираше и НАТО“ . Ова се само дел од насловите во регионалните медиуми кои известуваат за тешкиот инцидент кој се случи во М-НАВ.
Вчерашните одлуки на Владата го стопираа штрајкот што за денеска го најави Струковиот синдикат на контролори на летање. Одлуката за затворање на воздушниот простор е во мирување откако беа разрешени претседателот на УО Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место Владата да ги именуваше Хекуран Асани и Милан Кораќ.
Основниот кривичен суд Скопје, пак, од денеска треба да одлучува за жалбата на Јавното обвинителство во однос на одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ.
Во М-НАВ од вчера е присутна и Управата за финансиска полиција која врши контрола и увид во работењето на институцијата врз основа на направениот извештај.
По одлуката на Владата, ССКЛ од каде подолг период ја спорат работата на раководството во М-НАВ и процедурите и селекцијата на конкурсите за вработување, оценија дека смените се придвижување на работите во позитивна насока.
– Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк. Очекуваме соработка со новите директори затоа што станува збор за долгогодишни оперативци – изјави Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.
Случувањата ги коментираше и претседателот Стево Пендаровски кој во телевизиско гостување наведе дека биле „брука“. Дента кога се случувала, како што рече физичката пресметка, високи претставници на НАТО прашувале дали е безбедно небото и за авиони на НАТО бидејќи во тој период имало два авиона на НАТО.
– Исклучително е битно да имате гаранција за безбедноста на тие луѓе. Но, добро е што Владата влезе во расчистување – рече шефот на државата, порачувајќи дека М – НАВ е зрела за генерален ремонт.