ЖОЛТ КАРТОН ОД ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ДУИ И СДСМ: САМО УШТЕ ЕДНАШ АКО СТЕ СЕ ЗАМЕШАЛЕ ВО СУДСКИОТ СИСТЕМ!

 

Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп се сретна денеска со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за да му најави дека земјава може да се соочи со вето од оваа европска држава.

 

Амбасадорот Дирк Јан Коп се состана со водачот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е изложена на ризик низ политичкиот спектар. Исто така, неоснованото политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, кој е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија, велат од холандската амбасада во Македонија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа