ЗОШТО МЕТАКСАС БИЛ ФАШИСТ, А НЕ НАЦИСТ? ШТО Е РАЗЛИКАТА?
Катерина Лагос е американската историчарка со потекло од Грција. Професорка е на Државниот Универзитет на Калифорнија во Сакраменто. Ова е нејзина статија за неславната диктатура на Јоанис Метаксас и односот на Грција кон своите Евреи.
Проф. Лагос говори и за агресивната грчка политика на асимилација врз етничките Македонци и другите не-грчки заедници.
Според објаснувањата, но и фактичката состојба, Метаксас не бил нацист – поради својата политика кон Евреите. Не бил антисемитист. Имено, тој како диктатор не практикувал прогон, ниту пак, насилна асимилација и погрчување кон Евреите.
Но, по наводите, Метаксас бил фашист на дело, бидејќи спроведувал насилна асимилација и погрчување кон православните Македонци, Власи итн. – луѓе со иста вера како и Грците.
Ова е битно признание на Гркинка – историчарка, коешто се однесува на агресијата и насилството врз етничките Македонци во Кралството Грција.
Нацизмот е етноцентристичка, расистичка идеологија. Нагласката е на „чистата бела“ раса, исклучување, прогон и истребување на расно-етничките малцинства итн. Фашизмот е повеќе шовинистичка доктрина со цел насилно претопување на другите етнички заедници – заради посилна нација и држава. Тука, не расата, туку државата е над сè.
Се работи за 2 крајности на едно зло.
За жал, „неблагонадежните“ се гонети и убивани и од фашистите.
Освен тоа, по примерот на новата „Римска Империја“ на Бенито Мусолини, или „Третиот Рајх“ на Адолф Хитлер, и Метаксас говорел за тн. „Трета хеленска цивилизација“ (после тн. „античка Хелада“ и Византија).
Метаксас го практикувал и фашистичкиот поздрав, со десната рака испружена накосо нагоре. Има и слики за тоа, ама не во книгава. Следи и објава за тоа.
ЛИТЕРАТУРА: Katerina Lagos: „The Metaxes Dictatorship and Greek Jewry, 1936 – 1941,“„Journal of Modern Hellenism, vol. 23 – 24,“ Hellenic College Press, 2007, p. 45 – 80.