ГРЦИЈА СВЕЧЕНО ЈА ОТВОРИ ПАЛАТАТА КАДЕ ШТО БИЛ КРУНИСАН АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Грција си ја слави античката историја, од која Македонија се откажа со потписите на Никола Димитров и Никос Коѕијас во Нивици. Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по 16 години обнова и реставрација беше свечено отворена Палатата на Филип Втори, место каде што бил крунисан за крал Александар Македонски. Во оваа прилика тој реши и зборува за нивната историска величина, објавува ТВ АЛФА.

 

-Филип и Александар, на свој начин биле одлични реформатори. Првиот, суштински еволуирајќи архаично општество во општество со поурбани карактеристики, со заеднички, унифицирани институции. А вториот, создавајќи градови, интегрирајќи големи и разновидни популации во империја со невиден обем, изјави Мицотакис.

 

Овој споменик кој датира од четвриот век п.н.е., во Грција го нарекуваат „Партенон на Македонија“. Се простира на површина од околу 15.000 квадратни метри, а од 2007 се работеше на одржување, поправање и реставрација. Неговото повторно отворање Мицотакис го карактеризираше како настан од светско значење и од многу широк меѓународен опсег.

 

-Морам да ви кажам дека бев длабоко импресиониран од она што го видов пред малку, бидејќи оваа палата е навистина многу посебно архитектонско дело. Уметничко дело, на два ката, со многу мозаици и фрески кои го отсликуваат гламурот и моќта на Филип, изјави Мицотакис.

 

Додека Грција се уште нема исполнето речиси ништо од Преспанскиот договор, ние исполнивме се. А покрај промената на името, со цел задоволување на официјална Атина, кај нас беа брусени шахти, се променија имиња на институции, музеи, театри. Од спомениците од античката историја беше избришано дека биле македонски, добија класификација дел од светската историја.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа