Откако Александар Тасевски, Претседателот на Синдикатот на контроли на летање обвини дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени, медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК неофицијално пренесува дека упаѓачите биле членови на ДУИ.
Наводно, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.
Целиот случај е пријавен во полиција и за овој инцидент известени се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Контролорите на летање со кои овој медиум разговарал рекле дека се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли.
Имено, постојат две контроли – едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.