РУСИЈА ГИ ПОПАРИ БУГАРИТЕ! МАКЕДОНИЈА Е МАЈКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ

 

Руски документарен филм во кој Бугарија е избришана од картата на словенската култура, а се вели дека писменоста на Словените дошла од Македонија, предизвика лавина од реакции на Бугари на социјалните мрежи, пишува Независен.

Филмот „Една вера, еден јазик“, во сценарио и режија на Елена Мироненко, изминатава недела беше прикажан на фестивалот во Скопје наречен „Богородичен покров“. Според податоците од фестивалот, филмот бил прогласен за „Најдобар телевизиски филм на регионално телевизиско студио“ на XXVI меѓународен филмски и ТВ фестивал „Радонеж“ во Москва. На фестивалот во Скопје се прикажуваа документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови од Македонија, Русија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Франција.

 

Што е она што ги разгневи Бугарите на социјалните мрежи?

Реакциите главно се насочени кон тоа што „Една вера, еден јазик“ се снимал со помош на Руската амбасада во Македонија и кон тврдењето дека татковината на словенската азбука е Македонија, а браќата Кирил и Методиј немаат никаква врска со Бугарија. Таа воопшто не е ни претставена како литературен и православен центар во Балканот во IX и X век.

 

Во филмот е прикажана карта на Југоисточна Европа од IX век, на која Бугарија не е ни означена. Покрај зборовите „Македонија е родното место на словенската азбука“, нараторот зборува дека сите древни духовни текстови на Русија, Украина, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија се напишани на црковнословенски јазик, кој потекнува од Македонија.

 

Авторите на филмот се движат по патот на светите браќа Кирил и Методиј, кој наводно започнал во 861 година, кога тие тргнале по патот кон Хазарите и се задржале во сегашниот украински град Херсон две години. Во филмот се прикажани и посети на црквите и манастирите „Св. Климент Охридски“, „Св. Наум Охридски“, „Св. Прохор Пчински“, како и на манастирот „Св. Василиј Острошки“ во Црна Гора.

 

Според филмот, руско писмо имало и пред глаголицата, а во Херсон двајцата браќа се запознале со ова руско писмо бидејќи им било потребно за да ја создадат новата азбука. Така се сугерира дека Кирил и Методиј лично ги поставиле темелите на „Третиот Рим“ – Москва.

 

Сцена од рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“

Во „Една вера, еден јазик“ има приказна за Климент и Наум, кои го основале првиот голем словенски универзитет во Охрид. Бугарите се лути што не се споменува царот Борис I, кој ги покрсти Бугарите во 864 година и го воведе во употреба старословенскиот јазик. Во филмот се вели дека „од Охрид доаѓа православната вера, која ги обединила словенските народи – Русите, Украинците, Белорусите, Бугарите, Србите и Македонците“.

 

Се споменува дека Климент и Наум само „поминуваат“ во тогашниот центар на бугарското царство – Плиска. Иако е факт дека Наум останал во Плиска, каде ги поставил темелите на Преславската книжевна школа, а Климент бил испратен како мисионер во областа Кутмичевица во Македонија, каде ја основал Охридската книжевна школа. Подоцна и Наум доаѓа во Охрид.

 

Нараторот уште вели:

„Добрата вест која дојде во Русија преку Македонија, потоа во XIII и XIV век се врати таму со руски богослужбени книги и со тоа го затвора кругот на заштита на словенските земји што го обезбедува Русија. Кирил и Методиј го изградија нашето единство, а сега некој им објави војна на православните словенски народи“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа