ДРОН ГИ СНИМИ ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ ОД БИТКАТА ЗА МАРЈИНКА: Паднаа во ровови, пукаа еден во друг од 2 метри, борба за ЖИВОТ И СМРТ (ВИДЕО)
Извидувачкиот дрон ги снимил последните моменти од битката за Маринка!
Кратко видео, наводно снимено на периферијата на стратешки важниот град Доњецк, покажува борби во едно од последните упоришта на украинските сили. Неколку руски војници паднале во ров, по што на оддалеченост од само неколку метри дошло до размена на оган со припадниците на вооружените сили на Украина .
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, да потсетиме, во понеделникот го информираше рускиот претседател Владимир Путин дека Маринка е под контрола на руските сили. Шојгу нагласи дека секоја од 3.000 згради во градот била претворена во своевидна тврдина во текот на претходните години и дека 150-та бригада има најголема заслуга за преземањето на контролата врз градот.
Командантот на вооружените сили на Украина Валериј Залужни во вторникот ја призна загубата на градот кој се наоѓа западно од Доњецк.
– Маринка повеќе не постои. Украинските војници се повлекоа од западната периферија на градот и на некои места копаат во близина на Маринка, а на други малку подалеку – рече Залужни.