Југославија не ја создаде Македонија… Таа постоеше и пред неа! Македонија даде вкупно над 44.000 жртви во Втората светска војна

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст

Југославија не ја создаде Македонија…
Таа постоеше и пред неа, а веќе постои и долго после неа…
(по повод 29 ноември)
Македонија даде вкупно над 44.000 жртви во Втората светска војна.
24.000 од Република Македонија и над
20.000 од егејска Македонија и пиринска Македонија.
Туѓа војска не гинеше за слобода на Македонија.
Наша војска гинеше за ослободување на Србија и Хрватска.
Наши животи беа положени за Југославија,
а не беа положени југословенски животи за Македонија.
Движењето имаше национал-ослободителен карактер,
а АСНОМ беше собрание на целокупниот македонски народ и други народности, од Македонија (имаше делегати од сите делови на Македонија),
но за жал, делумно и поради југословенски,
а целосно заради подоцнежни идеолошки причини, не се постигна целосно ослободување на македонскиот народ и Македонија.
Четите носеа имиња на загинатите војводи.
Живите војводи и комити беа дела од партизанските чети.
Имавме свој,
наш македонски Генералштаб на Народно Ослободителната Војска и Партизанските Одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ).
Македонското движење не беше идеолошко (комунистичко, левичарско, коминтерновско), беше народно и ослободително.
На 29 Ноември ние Македонците не учествуваме.
Нереализирањето на македонскиот сон за целосно ослободување на Македонија, подоцна, после превратот во 1945/46 од страна на КПЈ, со живот и слобода го платија илјадници Македонци по затворите во Идризово, Отешево,… меѓу кои и првиот Претседател и скоро целиот состав на Президиумот на АСНОМ.
Видете ги документите на АСНОМ (Манифестот, Прогласот, декларациите и решенијата), видете го списокот на делегати, видете го составот на Президиумот на АСНОМ (практично првата Влада на Македонија), видете ги знамињата позади говорницата (и руско, но и британско и америчко).
Затоа, доволно време помина за да научиме:
САМИ СИ ЈА СОЗДАДОВМЕ ДРЖАВАТА !
НИКОЈ НЕ НИ ЈА ПОКЛОНИ !
Да живее Македонија!
Да живее идејата за слобода на Македонија!
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
Сите реакции:

Bony Jov, Dinov Marjan и 355 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа