ОЛИВЕР СПАСОВКИ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМЕ СДСМ, ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ ПРЕМИЕР НА ШИРОКА ВЛАДА

ТАЧЕ ВО АУТ, ОЛИВЕР НА ЧЕЛО НА СДСМ, ХРИСТИЈАН ПРЕМИЕР НА ШИРОКА ВЛАДА? Западните дипломати се помирија со поразот на СДСМ на претстојните избори и сковаа нов план

Ковачевски и Мицкоски ќе се договорат да се укине Пржинската влада, ако ВМРО-ДПМНЕ не се противи СДСМ да го исполни ветувањето премиерската фотелја во последните 100 дена да му припадне на Албанец избран од ДУИ. Има само еден начин тоа да се случи –  Димитар Ковачевски да поднесе оставка од премиерската функција, по што би била избрана нова влада на чело со премиер Албанец. Потоа Ковачевски веднаш ќе поднесе оставка и на функцијата претседател на СДСМ, дознава Плусинфо.

 

По ексклузивната приказна на Плусинфо за разговорите на Зоран Заев, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, со претседателот на партијата Димитар Ковачевски и со генералниот секретар Миле Зечевиќ, во кои Заев остро се спротивставил на намерата да учествуваат или да ја поддржат операцијата за обновување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за да се создадат услови за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата, дознаваме нови детали за случувањата на Бихаќка.

Повеќе медиуми извесно време објавуваат шпекулации за постоењето непомирливи поделби во врвот на СДСМ, поради нискиот рејтинг на партијата, неуспехот да се наметнат уставните промени, инфериорната положба во Владата кон кадрите на ДУИ и поради наследените поделби во партијата уште од времето на Заев.

 

СДСМ поделен на три табори

Анализирајќи ги тие шпекулации и истражувајќи, утврдивме дека раководството на СДСМ во овој момент е поделено на три табори.

Првиот табор го предводи претседателот Ковачевски, кому му е целосно верен само министерот Бојан Маричиќ. Последната надеж на тандемот Ковачевски – Маричиќ е ДУИ, заедно со странските дипломати, некако да успее во последен момент да го принуди ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните промени за внесувањето на Бугарите во Уставот.

Но, Плусинфо дознава дека тој план, како и планот за враќањето на Никола Груевски (кој би создал фракција во ВМРО-ДПМНЕ), веќе се напуштени од западните дипломати. Тие сега имаат нов мастер план за решавање на политичката криза во Македонија, а Ковачевски веќе ја игра својата нова ролја. За тој план малку подоцна…

 

Вториот табор во СДСМ го предводи Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи. За Спасовски велат дека е човекот кој има најголем потенцијал да го преземе кормилото на СДСМ, по очекуваниот тежок пораз на партијата на претстојните избори во мај 2024 година. Со зачестените контакти со поранешниот лидер Зоран Заев и со нему блиски луѓе, контакти што внимателниот Спасовски ги одржува формално и транспарентно, Кумановецот испраќа јасни пораки дека смета на поддршката на Заев и на неговите структури во партијата. А сите кои ги познаваат Струмичанецот и СДСМ, знаат дека моќта на Заев во партијата не треба да се потцени.

 

Третиот табор се остатоците од некогашното „скопско крило“, кое по доаѓањето на Зоран Заев на кормилото во 2013 година е во постојано опаѓање. За неформален лидер на овој табор се смета Радмила Шеќеринска. Со ова крило повремено кокетирал генералниот секретар Миле Зечевиќ, кој сѐ уште му е лојален на Ковачевски. Сепак, некои сметаат дека фронтмен на овој табор би можел да биде Петре Шилегов, поранешниот градоначалник на Скопје.

До Плусинфо допреа шпекулации дека пред извесно време, токму на барање на Шилегов, кон кое се придружиле и некои други членови на раководството на СДСМ, Ковачевски свикал состанок на врвот, на кој се разговарало за состојбите и во партијата и во државата. Се шпекулира дека и Шилегов и неколку други членови на раководството биле нагласено критички настроени, а Ковачевски и Маричиќ останале осамени, бранејќи се со единствената анкета на јавното мислење во која СДСМ стои подобро од ВМРО-ДПМНЕ, анкетата на Фокус од почетокот на октомври годинава.

Текстот во целост на Плус Инфо

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа