ПРОНАЈДЕНА КРАЛСКА ГРОБНИЦА ВО ПРИЛЕПСКО!

Во еден од нашите поранешни прилози упативме на извесни траги од украсување на кралската гробница кај меѓу селата Бонче и Подмол. (Види текст: „Траги од украсување во кралската гробница меѓу селата Бонче и Подмол, Прилепско“ во рубриката „Теренски бележник“). Овојпат ќе потсетиме на еден дел од монументалниот објект – градба со правоаголна основа десно од влезот во дромосот, која веројатно била своевиден хероон посветен на кралскиот покојник.

 

Локалитетот „Павла Чука“ со кралската гробница
Локалитетот „Павла Чука“ со кралската гробница

Монументалната градба со големи и убаво обработени камени монолити на локалитетот „Павла Чука“ во атарот на селото Подмол веќе одамна е раскопана, но последниве години археолозите повторно и посветија извесно внимание. Покрај остатоците од киклопската градба и другите остатоци од населбата на врвот Висока, таа е уште еден импозантен објект, остаток од културното наследство на древното Пелагонско кралство. Близината и архитектонската сличност меѓу двете споменати градби со киклопска форма се силни аргументи за нивната поврзаност. Со својата монументалност, специфичната форма и архитектонската конструкција гробницата одамна го привлекла вниманието на разни истражувачи, авантуристи и трагачи по археолошко и друг вид богатство, но нејзиниот вистински археолошки инаучен третман изостанува, такаречи, до денес. Токму поради тоа, голем број елементи од оваа градба немаат соодветно и поцелосно објаснување кое, веруваме, ќе биде предизвик на голем број археолози во иднина. Со неколку ископувања, кои беа извршени од страна на Институтит за археологија од Скопје и Заводот и музеј од Прилеп, под раководство на д-р Антонио Јакимоски, сепак беа откриени нови делови од овој археолошки објект од врвно културно значење. Таа според Јакимоски е „уникатна гробница во светски рамки“ (ПОРТАЛ: МКД – MKD.mk).

 

Пред влезот во гробницата
Пред влезот во гробницата

Кралската гробница се наоѓа на околу 3 km југоисточно од селото Подмол и околу 4 km јужно од селото Бонче. Речиси е сигурно дека оваа гробница, по своите димнезии, формата и елементите од кои е изградена, му припаѓала на некој висок достоинственик, односно, крал на Пелагонското кралство, со население познато како Пелагонци. Корените на овој етнички елемент се сре ќа ваат уште во најстариот пишан документ на Балканот, Илијадата од Хо мер каде, меѓу другото, се споменува и името на епонимниот херој на Пела гонците, Пелегон (Пелагон), кој му бил татко на еден од јунаците од Тро јанската војна Астеропај, водач на Пајонците, племе кое, исто така, потекнува од територијата на Македонија, (долното течение на Вардар, која во тоа време се вика Аксиј, како и Халкидичкиот Полуостров) кој загинал во дуел со најпознатиот јунак меѓу Ахајците, Ахил.1 Всушност, Пајонците и Пелагонците живееле на територии кои граничеле меѓу себе, а постојат мислења дека и Пелагонците се пајонско племе, односно, дека се работи за племиња со заеднички корен.

 

Всушност, ако се има предвид запишаното кај Хомер, Пелагонците се постаро племе, а од нив потекло водат Пајонците чии водач Астеропај е потомок на Пелагон,2 епонимниот јунак, односно, легендарниот крал на Пелагонците, Пелагон. Тоа укажува на старо пелагонско кралство и стар пелагонска култура, чии траги денес ги среќаваме на територијата на денешната рамница Пелагонија, на просторот на ридестата област Мариово, како и на областите кои граничат со нив.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа