Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави вчера дека има намера да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за да се одмрзнат билатералните контакти кои се нарушени како резултат на руската инвазија на Украина, јави ДПА.

 

„Имам намера да разговарам со него“, рече Шолц за време на состанокот во градското собрание на Нутетал, Бранденбург.

 

Канцеларот додаде дека засега не е договорен конкретен датум за разговор и дека не очекува тој да доведе до значителен пробив.

 

Шолц и Путин последен пат разговарале телефонски на 2 декември минатата година. Германскиот канцелар во неколку наврати изјави дека во принцип е склон да разговара со рускиот лидер, но од Путин зависи дали ќе има таков контакт.