ОРБАН ГО СТРЕСЕ БРИСЕЛ! ЈА ВОДИТЕ ЕВРОПА ВО СМРТ, СЕКОЈ ДЕН СТАВАТЕ НОВА ШАЈКА НА КОВЧЕГОТ НА ЕВРОПА
Владејачката унгарска партија Фидес на својот 30-ти конгрес денеска го реизбра за претседател премиерот Виктор Орбан, кој вети дека ќе се бори за неговиот модел на Европа и порача дека е подобро да се промени Европската унија отколку да се напушти. Унгарија разви модел на Европа заснован на нулта стапка на миграција, економија заснована на работа и целосно вработување, силно семејство, ниски даноци и „чувствителна зелена транзиција“, рече тој.
Мора да се спротивставиме на моделот на Европа за кој се залага Брисел“, рече Орбан оценувајќи дека таквиот модел е неодржлив и нема иднина. „Брисел ја уништува Европа и ја води во смрт, ставајќи нов клинец во нејзиниот ковчег секој ден“, рече тој. „Нашата работа е да го спречиме тоа“, и затоа „мораме да бидеме обединети“, рече тој.
Унгарија мора да ја промени Европската унија, а не да ја напушти, „а тоа е можно само преку радикална промена во Брисел“, рече тој. Моделот на Европа за кој се залага Брисел води кон хаос. „Јавниот ред исчезнува, а последиците од миграцијата таму излегуваат од контрола“, рече тој.
Јавниот долг расте, а инвеститорите ги пласираат своите пари во Америка и Азија, рече унгарскиот премиер и ги обвини бирократите во Брисел. Во 1990 година Европа сочинуваше 23 отсто од светската економија, а сега тој удел падна на 15 отсто.
„Не сакаме да бидеме робови на (Џорџ) Сорос (американски инвеститор со еврејско-унгарско потекло), не сакаме да живееме меѓу војни на банди, мигрантски гета и не сакаме Европа и Унгарија да станат музеи кои се убави за посета, но немаат иднина, само минато“, рече премиерот, кој со години се претставува како бранител на христијанската, традиционална Европа.