ОВА НАШЕ ДЕТЕ ВРЕДИ СЕКОЈ ДА ГО ПОФАЛИ! МАЛИОТ МАКЕДОН СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: ЛУЃЕ ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ ОСВОЈАМ ЗЛАТО!

Математичкиот гениј од Тетово, 9-годишниот Македон Димитровски, освои златен медал на светското првенство „Математика без граници“, кое се одржа онлајн во Скопје, а го организира Асоцијацијата на математичари од Несебар, Бугарија.

Младиот математичар вели дека имал добар мотив да победи, откако родителите му ветиле дека ако освои злато, ќе ја добие долгo посакуваната видеоигра, со која ќе може да ги истражува планетите.

„Знаев дека ќе освојам злато, и му го кажав тоа на татко ми веднаш откако излегов од училиштето ‘Тихомир Милошевски’, каде што се одржуваше онлајн натпреварот. Таму бевме околу 30 деца од Македонија. Јас освоив златен медал во мојата, трета категорија во есенскиот дел од првенството, во која имаше 4.000 деца од целиот свет. Многу сум среќен што си го исполнив сонот и горд сум“, ни изјави Македон Димитровски.

Македон со родителите Тина и Владимир

Неговиот татко Владимир Димитровски вели дека на светското првенство имало 23.000 учесници од 29 земји.

„Со освојувањето на златото, Македон доби директен влез во суперфиналето, кое се одржува налето. И претходно има учествувано на ‘Математика без граници’ и имаше пет медали, бронзени и сребрени. Драго ми е што овојпат стаса до злато. Никогаш нема да ги заборавам неговиот израз на лицето и насмевката кога излезе од училницата по натпреварот“, вели Димитровски.

До минатата година, Македон учеше во основното училиште „Лирија“ и живееше во Тетово. Оваа учебна година доби стипендија и продолжи во приватното училиште „Нова“ и со семејството е преселен во Скопје. Татко му вели дека брзо се вклопил во новата средина.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа