МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАРОД СО СВОЈА ИСТОРИЈА, ОД ФАЛАНГИТЕ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДО ЦАР САМОИЛ – 1898 г.

Весникот „Автономија” во 1898 година објавил статија во којашто Македонците и Албанците се наведени како 2 одделни народи. Се работи за гласило на македонската емиграција во Бугарија. Во почетокот ги претставувал политичките интереси на софискиот Врховен македонски комитет – ВМК, а подоцна уредништвото станало гласник на Македонската револуционерна организација – МРО, ТМОРО. Овој весник го уредувале Димитар Чохаџиев, Иван Стоименов, Иван Недев, Тодор Арсов, Александар Чакаров, Кочо Аврамов и др.
Авторот бара заеднички настап на Македонците и Албанците, за ослободување од турското ропство.
Поводот за ова додворување кон Албанците најверојатно е тајниот Договор меѓу Русија и Австро-Унгарија од претходната 1897 година и согласноста за новата, идна држава Албанија. Авторот на оваа анализа од 1898 г., се чини, имал одредени сознанија дека европските „големи сили“ подготвуваат и поделба на Македонија, како што предвидувал тој Руско-австриски договор. По 14 години, тоа и се случило.
Но, весникот им се обраќа и на своите Македонци, како посебна, одделна нација. Во написот се вели:
– „Македонците и Албанците се две племиња што населуваат и живеат во две земји коишто се граничат. Никакви спорови и кавги не може да има меѓу Македонецот и Албанецот за завладување или одземање на некои делови од туѓата татковина за сметка на другиот. Земјите на Македонците и Албанците се одделени од самата природа и ниеден Македонец или Албанец не се раководи од никаква шовинистичка жед да ја заграби татковината на својот сосед.“
А пак, како што Македонците се народ со своја историја, „од фалангите на Филип и Александар Македонски до цар Самоил“ и до денес, така авторот ги смета Албанците за наводни наследници на Древните Епироти на Пир. Или пак, тоа е само дел од тактиката на додворување кон современите Албанци…
Дополнителен мотив, според статијава, се големо-српските шовинистички и завојувачки стремежи кон Солун. Натаму читаме:
– „Македонија и Албанија, заплиснувани од Егејското и Јадранското Море, пресечени од најдобрите пристаништа на патот за Азија и Европа, обдарени со најбогатите полиња и рамнини, сместени во две автономни области, макар и под власта на еден султан, живеејќи во мир и љубов како две сестри, овие две земји би станале земен рај, благодат за своите чеда, извор на среќа и добрини, распространител на култура и образование, татковина на херои, на големи трудбеници, бестрашни војници и длабоки мислители“.
Во статијата се укажува и дека Македонија и Албанија би биле „нешто повеќе од една Швајцарија“ кога би ја добиле саканата автономија. Како што гледаме, тука никако не се мисли на подоцнежниот изроден бугаромански концепт „Швајцарија“ на Иван – Ванчо Михајлов, каде што нема Македонци. Всушност, Михајлов тогаш – 1898 г., имал 2 години.
Тука се работи за еден од многуте погледи за решавање на македонското национално прашање. Во оваа „балканска Швајцарија“, како што бара авторот – Македонците би биле признати како посебен и одделен народ, еднаков и рамноправен со Албанците.
Сѐ ова укажува на 3 факти:
1. И во Врховниот македонски комитет – ВМК, имало Македонци со национал-патриотски погледи и ставови, кои се залагале за самостојна и независна Македонија. Написот им се обраќа на читателите, кои се национално свесни Македонци.
2. Некои Македонци – интелектуалци знаеле за, или ја насетувале, идната скорешна поделба на Македонија, поттикната и планирана од „големите сили“, пред сѐ Русија, Австро-Унгарија итн.
3. Oвој напис побива уште една широко распространета бугаристичка манипулација, дека името Македонци наводно тогаш опфаќало повеќе народи. Според оваа бугарска лага, и Албанците ѓоамити се „географски“ Македонци.
За авторот, Македонец – во 1898 г. Македонците и Албанците се 2 одделни народи.
ИЗВОР: „Автономия”, 4 јули 1898 г., бр.8, стр. 1 – 2.
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот е издаван во Софија, Бугарија, на тамошниот официјален пишан јазик. Бугарските власти, секако, не го признавале македонскиот јазик и не го дозволиле (имало обиди да се пишува на македонски јазик, но притоа имало и затворање цели редакции и апсење луѓе). Од број 24, весников има и текстови на француски јазик. —–/
May be an image of text
All reactions:

Zoran Bobov and 14 others

 
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа