ПАДНА И ВТОРАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА ОД ВМРО! СТАР ВМРОВЕЦ ЌЕ СЕ ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Интегрален текст на мојата изјава за ТВ 24 Вести во врска со прашањето дали ќе се кандидирам на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на државата
Што се однесува лично до мене сакам да најавам дека во моментов имам сериозна намера и реална амбиција да се кандидирам за кандидат за претседател на државата на претстојната Конвенција на ВМРО ДПМНЕ за избор на кандидат за претедател на државата. Но, за да го направам тој чекор сé ќе зависи од тоа какви потези ќе повлече актуелната партиска власт на ВМРО ДПМНЕ.
• Прво, се надевам и би сакал партиското раководсто да покаже многу поголем демократски капацитет од претходното раководство предводено од Груевски и фамилијата. Се работи за тоа, ова раководство да не ги повтори односно да не ги употреби истите методи односно потези од минатото кога целото партиско раководство по наредба од првиот човек на партијата (Груевски) застана зад тогашниот кандидат за втор мандат (Иванов), исто како што тоа го сторија и најголемиот број на членови на Конвенцијата кои добија партиска наредба да гласаат за кандидат на Груевски и фамилијата.
• Второ, актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ на чело со проф. Мицковски сметам дека може и мора да покаже поголем демократски капацитет и да овозможи максимална слобода на избор на сите делегати на Конвенцијата при изборот на кандидат за претседател без јавно или тајно протежирање на сво(ј)и кандидат(и), без суптилни или јавни притисоци или т.н ,,добронамерни убедувања“.
• Трето, потребно е да се престане со злоупотребување на наводните јавни анкети кои се прават предвреме со цел да се крерира позитивно јавно мислење за одреден кандидат или кандидати.
• Четврто, анкетите наместо да креираат јавно мислење треба само реално да го мерат рејтингот во јавноста и кај членството на секој кандидат и треба да се прават во оној момент кога ќе бидат познати кандидатите, кога јавноста и членството ќе се запознаат со нивните заложби и ставови во програмите кои ќе ги понудат увид на јавноста и членството на партијата и коалиционите партнери.
• Вака испаѓа дека се прават анкети на персони кои во моментот се на високи јавни позиции (партиски функционери, пратеници, директори, ректори и др. личности) кои во најголем број не се членови на партијата и на неколкумина други кои не се на никаква партиска позиција. Овие првите катадневно на основа на нивната моментална позиција имаат полесен пристап до медиумите и јавноста, за разлика од овие вторите кои допрва имаат што и како да кажат и да понудат на оваа тема.
• Петто, ВМРО ДПМНЕ (но и останати политички партии) треба конечно да извлечат поука дека заради националните и државни интереси не е добро да се поддржуваат т.н ,,незвисни кандидати“ кои во иднина (се разбира доколку бидат избрани) ќе станат ДОЛЖНИЦИ И ЗАЛОЖНИЦИ на партија или на раководството на партијата која го протежирала и која ги кандидирала.
• Досегашните искуства на овој план со т.н независни кандидати се многу негативни. Искуството покажа дека на еден број од досегашните претседатели на државата приоритетно им беше служба во интерес на партијата и партиските раководства, а националните и државни интереси им беа во втор план. Потпишуваа се што ке им понуди парламентарното мнозинство (по претходен налог на извршната власт), се ставаа во нивна одбрана, наместо да бидат коректори на штетните политики и дејствија на едните и другите.
РЕЗИМАТИВНО: Политичките партии мора да им понудат на граѓаните кандидат за претседател кој е партиец кој има свој препознатлив и докажан кредибилитет и авторитет во јавноста, кој досега не му слугувал на ниту еден лидер или партиско раководство, кој е бескромпомисен борец против криминалот и корупцијата, кој нема никаква црна дамка во својата животна и професионална кариера и кој за доброто на граѓаните и државата прво ќе почне ,,чистење’ на недоследостите и аномалиите во ,,својот двор’’, а потоа секаде по ред. Се работи за кандидат кој своите политички конкуренти нема да ги доживува како крвни непријатели.
• Кандидатот за претседател мора да има храброст катаднево да биде противтежа односно кочничар и коректор на штетните политики кои ги води извршната и законодавната власт и кој ке има желба во најкраток можен рок да го врати на ,,вистинскиот колосек односно на колосекот на правдата“ одамна политички контролираните правосудни органи.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа