СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА / 02 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА
Албанскиот етнички шовинизам наметнува цензура врз медиумите
Во врска последната вулгарна манифестација на албански етнички шовинизам од страна на претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани како учесник во дебатата на емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, ние како политичка партија Македонски Концепт која отворено се бори против сите видови на верски радикализам и етнички шовинизам, најостро го осудуваме таквото поведение несвојствено за еден атланстист и бараме негово повлекување од позицијата претседател на ЕАСМ, со што ќе се зачува дигнитетот на таа реномирана организација.
Господинот Рамадани на отворена сцена дејствуваше во насока на ширење на етничка и национална омраза, надвор од темата на емисијата се обиде да ја обвини целата македонска етничка заедница за виновна за наводна омраза кон албанската етничка заедница, со што дирекно ги прекрши и одредбите на кривичниот законик и законот за заштита од дискриминација.
Г- дин Рамадани, поттикнат од атмосферата на галопирачки албански етнички шовинизам и етнички триумфализам врз достоинството на останатите етнички заедници во Македонија, пред се мнозинската македонска заедница, се обиде и да наметне цензура врз слободата на мислата и изразувањето на новинарот Александар Видиновски, да го попречи во неговата работа, а на највулгарен и безобразен начин се обраќаше кон директорот и уредник на емисијата Иван Мирчевски, манифестирајќи отворена омраза на етничка основа кон нив двајца.
Повикуваме на итно преземање на мерки од надлежните институции, со цел ваков тип на однесување да не се повтори и да се зачува достоинството на јавноста.
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?