Тоа што вчера се случи во емисијата САМО ВИСТИНА кога гостинот кого ти го штитиш неосновано, Исмет Рамадани, беше најбрутален обид за наше новинарско и професионално замолкнување, односно се обиде да ни посочи дека не треба поставуваме прашања кои ја интересираат јавноста а лично нему не му се допаѓаат.

 

Дали тоа значи дека треба да ги селектираме прашањата кои ќе бидат прифатливи за човек кој и јас и ти , и цела Македонија го финансираме, а при тоа шири сериозни клевети и ксенофобија за наша наводна етничка дискриминација?

 

Периодот на закани, режими, центри за манипулации и ширење на лаги изгледа се уште постои но на друга адреса, но за среќа Канал 5 ТВ веќе подолг период е на патот кон ЕУ и професионализмот во нашата медиумска фела.
Истовремено, поздрави го твојот ментор кој ни праќаше промотивни пораки за тебе, човекот кој мислам дека беше вработен во оваа Влада и еве кој ќе го именувам „Месна Заедница“, затоа што ќе мора да се соочите – не со мене, туку со домашната и меѓународната интелектуална јавност поради вашите безочни спинувања.

Уште еднаш, и ти, и твојот другар М.З: сте тие кои директно работите против слободата на говорот.
Можеби вие сакате да ја уредувате најгледаната емисија САМО ВИСТИНА?

Аххх…да. Ќе ја потсетиме една голема амбасада која е твој донатор, и ќе ги прашаме – дали ќе поддржуваат и понатаму ликови каков што си ти?

Канал 5 ТВ

Линк до веста оригиналната вест која е полна со клевета и навреда