Ова биле единствените критериуми кои поранешната градоначалничка на Арачиново Миликије Халими, требало да ги исполни за да седне во директорското столче на АД „Аеродроми на Македонија“. Од нејзиниот кабинет, каде за одговор не препрати самата Халими, за Канал 5 посочија дека таа има завршено економски факултет, но не прецизираа кога ги завршила студиите и на кој универзитет… За функцијата била предложена од Владата и едногласно избрана од пет-члениот надзорен одбор на акционерското друштво во државна сопственост. Како паднал изборот на неа, прмеиерот Ковачевски денеска не образложи, но според него, тоа што имала универзитетска диплома било доволна квалификација.
„Таа е избрана од страна на Надзорниот одбор и е избрана врз основа на критериуми коишто ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги. Сепак тоа е едно мало претпријатие и врз основа на универзитетска диплома која што таа ја има поднесено таму. Предложена е од Владата на врз основа на унверизитетска диплома којашто ја има и каква што диолома имаат и други функционери коишто обавуваат пратенички или други функции“, рече Ковачевски.