АЛБАНИЈА, 1923 г. – „СЕЛАТА ЗА КОИ БУГАРСКИОТ ГЕНЕРАЛ СЕ ИНТЕРЕСИРА, ЗА САМИТЕ ЖИТЕЛИ СЕ МАКЕДОНСКИ, А НЕ БУГАРСКИ СЕЛА“ 

Дадовме на увид запис во којшто италијанскиот генерал Енрико Телини утврдил дека Македонците во Албанија велеле дека се Македонци, а не Бугари. Ова беше првиот документ:
Тоа барање податоци за селата дошло од бугарскиот генерал Тодор Марков, раководител на бугарската легација во Цариград од 1923 – 25 г. На 18. септември 1923, италијанскиот висок комесар во Цариград упатил писмо до Министерството за надворешни работи во Рим. Во писмото, дипломатот пишува дека му ги пренел информациите на генерал Марков во врска со наводните „бугарски села“ во Албанија, но по устен пат преку военото аташе, за да не остане пишана копија кај него.
– „Според моите упатства, Кр. воено аташе усно ги дал бараните информации за да се избегне на ген. Марков да му се остави примерок или изводи од документите коишто ги добив од Министерството. Истакнал дека селата за кои наведениот генерал се интересира и од самите жители се нарекуваат македонски, а не бугарски (села)“.
ИЗВОР: Италијански дипломатски документи за Македонија, Државен Архив на Република Македонија, Матица Македонска, Том 1, Книга 1, 1918 – 1924, Скопје, 2001, стр. 259. —–/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа