ПИСМО НА ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ ЗА РУСКИ ВЕСНИК ОД 1914: „Ние Ви изјавуваме дека ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари и не сме Грци. Но нашето срце е отворено за љубов и вечно пријателство спрема сите Вас. Одречете се само од она што во занесот на озлобувањето, предизвикано од подмолните интриги на нашите заеднички врагови сте го зеле со меч и што можете да го задржите само со силата на оружјето

Слава му на грамадниот Македонец Димитрија Чуповски
Роден на 8 ноември 1878 г. во село Папрадиште, Македонија.
Починал на 29 октомври 1940 г. во Санкт Петербург (тогашен Ленинград), Русија.
„Ние Ви изјавуваме дека ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари и не сме Грци. Но нашето срце е отворено за љубов и вечно пријателство спрема сите Вас. Одречете се само од она што во занесот на озлобувањето, предизвикано од подмолните интриги на нашите заеднички врагови сте го зеле со меч и што можете да го задржите само со силата на оружјето. Ставете го правото на она место што му припаѓа – над егоистичните сметки и насилства. И дајте ни нам, на Македонците, можност да го организираме својот живот во родната земја, во согласност со нашите интереси. Не пречете ѝ на Македонија да стане целосна, самостојна, независна. Слободата на Македонија Вам ќе Ви донесе мир, таа ќе стави крај на непријателството меѓу Балканците. Слободата на Македонија е неопходен предуслов за цврстината и полната слобода на целото јужно словенство.“
„Македонскiй Голосъ“, Година Втора, Бр. 11, 20 ноември 1914, стр. 200-201.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа