Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за „Билд“ ја потврди информацијата дека 23-годишната Германка Шани Лук била обезглавена. Германката беше киднапирана од членови на Хамас на 7 октомври за време на напад на музички фестивал во кибуцот Реим.
– Навистина ми е жал што морам да ве известувам дека сега ја добивме веста со која е потврдено дека Шани Никол Лук е убиена и е мртва. Пронајден е нејзиниот череп – изјави претседателот Херцог.
Тој додаде дека „варварските и садистички ѕверови“ на Хамас „ја отсекле главата“ на девојката чие тело дури сега е идентификувано. Телата на 40 жртви убиени од Хамас сѐ уште не се идентификувани. Проблемите со идентификацијата се последица на тоа што телата биле обезличени, изгорени или осакатени.